Претседателот на Финска: Доналд Трамп треба да биде сфатен сериозно за планот за завршување на војната во Украина

Доналд Трамп треба да биде сфатен сериозно кога зборува за завршување на војната во Украина, изјави за Блумберг финскиот претседател Александар Стуб.

Победата на Трамп на претседателските избори во САД дополнително ја зголеми неизвесноста за Украина во однос на идната воена помош и одбрана од руската инвазија.

По вчерашниот разговор со Трамп, Стуб рече дека намерите на Трамп по преземањето на функцијата во јануари 2025 година се јасни.

-Европа и остатокот од светот мора да разберат дека Доналд Трамп е многу сериозен за брзо постигнување мировен договор, рече тој. „Постои можност за овие преговори и пред инаугурацијата“, додаде тој.

Трамп постојано ветуваше дека ќе ја заврши војната „во рок од 24 часа“, а иако сè уште не претставил конкретен план, се очекува дека тој би можел да вклучи и отстапување на дел од украинската територија на Русија.

Прочитајте и:  Полска компанија илегално испорачала стотици илјади парчиња швајцарска муниција во Украина

Во интервју за Блумберг, Стуб наведе четири предуслови за мир во Украина.

-Ова го вклучува прашањето за териториите, каде што не знаеме како ќе се решат работите. Второто е безбедносни гаранции, третото е правдата и последното е реконструкцијата, рече тој.

Да потсетиме, Финска го забрза приемот во НАТО поради војната во Украина. Таа официјално стана членка во април минатата година.

- Реклама -