„Претседателот на Реал постојано се претставува како жртва и тврди дека е под прогон“

Флорентино Перез, вчера, одржа прес-конференција која предизвика бурни реакции во шпанската фудбалска јавност. Претседателот на „кралскиот клуб“ жестоко се расправаше со новинарите и го впери прстот во Барселона, обвинувајќи ја за најголемиот скандал во историјата на фудбалот, алудирајќи на аферата Негреира. Тој исто така се пожали дека, ако не биле судиите, Реал би освоил не седум, туку 14 трофеи во Ла Лига.

По изјавите на Перез, Барселона побрза да реагира. Клубот информираше дека нивниот правен тим размислува за покренување тужба против претседателот на Реал.

И претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, експресно му одговори на Перез. Како позната личност која нема проблем да ги критикува најголемите клубови, Тебас не се искраси во својата реакција.

„Тажно е што човек како Флорентино, со таква репутација и она што го направи за Реал, мора да се потпира на неистини и да изнесува такви тврдења. Некогаш вели дека сме им дале 25.000.000 евра на медиумите, ама понекогаш и 10.000.000. Тоа е лажна информација. Дури дојдоа да ги проверуваат нашите сметки“, изјави Тебас.

Прочитајте и:  Спомен на Боре Ангеловски - 17 години од неговото заминување, театарскиот визионер

Тебас продолжи со критиките кон Перез.

„Перез глуми жртва и постојано тврди дека е прогонуван. Тој инсистира на таквиот наратив, па има и луѓе кои му веруваат. Јас сум навивач на Реал Мадрид, но понекогаш е неверојатно колку многу лажат“, додаде тој.

На крајот, Тебас се осврна на претседателските избори во клубот од Мадрид, кои се на повидок.

„Претседателот на Реал Мадрид ќе донese одлуки за она што смета дека е најдобро за клубот. Оставката и распишувањето нови избори не се во неговите планови. Перез е претседател, па најдобро ја познава ситуацијата“, заклучи Тебас.

Претседателот на Ла Лига долго време е познат по своите остри коментари за Реал Мадрид, истакнувајќи дека токму овој клуб создава тензии во шпанскиот фудбал и дека изгубил контакт со реалноста.

Фото/ Depositphotos