Вчера се затвори деветтото издание на МТФ Скупи фестивал. Оваа година публиката имаше можност да види 8 претстави.
Секоја од претставите била проследена од страна на тричленото жири во состав Рози Костани – претседател на жирито и членовите Тодор Кузманов и Сулејман Рушити, кои вчеравечер едногласно ја доделија Гран при наградата за најдобра театарска претстава „Духот кој оди“ од Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски и продукција на Српското Народно Позориште од Нови Сад, Србија.
Во образложението на жири комисијата се наведува дека претставата „Духот кој оди“ е театарско остварување кое се одликува со актуелност и ангажираност во претставувањето на моралните дилеми на човекот во современиот свет.
„Режијата во преставата е минуциозна и аналитична, при што врз основа на драмскиот тескт создава цврста театарска структура, а актерската игра е на високо професионално ниво“, се наведува во образложението.