Преставата „Кенди“ ќе биде прикажана во среда на 24 јули во Центарот за култура Крива Паланка, на второто издание на мултимедијалниот алтернативен фестивал „Гига Фест“.
Претставата е според романот на Лук Дејвис, авторски текстови и материјали од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Режија и адаптација е на Тамара Стојаноска, а играат: Лео Поповиќ и Бобан Алексоски.
Музиката е на Лука Тошев, а продукција на Театар „Златен Елец“ Скопје
Проектот е во соработка со ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
„Кенди“ е дуодрама во која зборуваме за зависност кај младите со фокус на опијатната зависност. Претставата е анатомија на една љубов, шетање низ спомените на еден пар чија љубов постепено се изобличува и станува механичко трагање по еуфорија, бегство од притисокот на секојдневниот живот. „Кенди“ и како приказ на едно „современо“ општество кое дозволува огромна стигма и дискриминација кон корисниците на дроги. Најзначен фактор кој ја намалува можноста од злоупотреба на дроги се токму родителите, кои, во многу случаи последни се соочуваат со проблемот. Општествената стигматизација и институционалната дискриминација водат кон ширење омраза и насилство, недостатоци во здравствениот систем и идни случаи на предозирање и злоупотреба на дроги.