Претставата на авторката Јована Зајкова насловена „Во моите чевли” ќе биде изведена на 23 септември, во 20 часот, во КСП Центар Јадро.
Влезот е слободен, а местата се ограничени.
Претставата „Во моите чевли”е сплет на современ танц, актерска игра, музика, видео и елементи од кловновство.
Преку сите овие елементи, на доста невообичаен и интересен начин се раскажува приказна за соочувањето со анксиозност, страв, опсесивно компулсивно однесување и предизвиците на растењето и созревањето.
,,Заедно, ќе патуваме низ палета на различни чевли, кои претставуваат различни карактери, предизвици и гледишта, во внимателен хармонично-хаотичен свет.Оваа приказна во себе содржи многу хумор и може да наликува на претстава наменета за деца. Сепак, во овој лесен и шеговит пристап се крие многу силна порака за живеење со отворено срце и пронаоѓање на убавините, дури и во тешките моменти на животот” се вели во најавата.
Автор и изведувач: Јована Зајкова
Музика: -Mozart – Lacrimosa-Јована Зајкова – музика креирана за перформансот
Костим: Соња Геговска – Зајкова
Филм: Калин Бибан, Марко Зајков, Никола Зајков и Теодора Пејиќ – Зајкова
Проектот е поддржан од Министерството за култура на РСМ, а свој придонес во одредени фази од развојот и изработката имаа и Слаѓана Вујошевиќ, ДМБУЦ „Илија Николовски Луј”, Спортски аеродром „Стенковец”, Балетско студио „Балерина” и Танцов спортски клуб „Денсерс јунајтед”.