Претставен новиот тренер на Орландо

Жак Вон е изборот на раководството на Орландо Меџик за нов кормилар на оваа екипа, со што конечно беше пронајден наследник за Стен ван Ганди по неговото заминување од Орландо пред повеќе од два месеци.

Челниците на Орландо во изминатиот период преговараа со неколку стручњаци, но на крајот изборот падна токму врз Вон, кој во сезоната 2002/2003 одигра 80 натпревари во дресот на „магичните“. „Во текот на преговорите забележавме дека Жак го има потребниот победнички дух и менталната сила за да биде прв тренер.“

„Тогаш ни стана јасно дека тој е најдобро решение, па дадовме сè од себе за да го ангажираме. Неговата желба за работа и програмата што ни ја презентираше се гаранција дека нашиот клуб ќе се движи напред во следниот период“ изјави генералниот менаџер на Орландо, Роб Хениган.

Изборот на Вон наиде на сомнежи кај американската кошаркарска јавност, со оглед на фактот дека овој млад стручњак досега нема искуство како прв тренер во NBA тим а во последните две години беше еден од асистентите на Грег Попович во Сан Антонио Спарс.

- Реклама -