Претставен потполно проѕирен автомобил

Компанијата „ТRW“ претстави на саемот за автомобили во Франкфурт проѕирен автомобил. Лимузината се активира со телото и е создадена со цел компанијата да може најдобро да ги претстави своите сигурносни технологии, кои обично се добро скриени зад каросеријата.

Кога ќе се погледне, можат да се видат системите за воздушни перничиња, системите за сопирање  и управување со автомобилот, а тука е и авто-пилотот.

Сензорите се вградени во автомобилот кој собира податоци во распон од 365 степени.

0675007.74

„Во наредните 10 години, сигурносните системи ќе станат паметни во склад со напорите за пресметки на бројот на несреќи и смртни последици во светот, изјави Џон Плант, претседател и извршен директор на „TRW Аutomotive“, пренесува „Fox News”.

“TRW” смета дека за 10 години речиси сите автомобили ќе бидат опремени со технологија која може да следи, пресметува и превзема одговорост за било кое сценарио што може да се случи на патот.

„ТRW Аutomotive“ е добавувач на автомобилски системи, модули и компоненти за произведувачи како што се „Форд“, „Генерал Моторс“ и „Мерцедес-Бенц“.

Иако проѕирните автомобили можат да изгледаат атрактивно, тешко е да се поверува дека ќе ги видиме на патот.

 

 

- Реклама -