Претставката на Антикорупциска за Груби не е стигната кај вицепремиерката за добро владеење

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење – Славица Грковска, вели дека ја нема добиено претставката од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК, ака. Антикорупциска) за првиот вицепремиер и министер за
политички систем и односи меѓу заедниците – Артан Груби, за користењето на службени простории ги користеше за партиски цели.

Штом ја добие претставката, по неа ќе биде постапено како и со сите претставки досега, рече Грковска, врз основа на аргументи.

„И досега сме постапувале непристрасно, без оглед на тоа за кого станува збор“, изјави вицепремиерката.

Според неа, има напредок и се движиме во вистински правец:

„Има промена во начинот на однесување кај некои функционери, во зголемување на свесноста, меѓутоа тоа е прашање на време, не се случува преку ноќ. Јас сум сигурна дека со ваквите мерки ќе дојдеме до оној момент кога ќе посведочиме некој да понесе одговорност за несовесното однесување“, рече Грковска.

Не се согласува со констатацијата дека заложбите се само декларативни затоа што, како што вели, мерките што ги овозможува Етичкиот кодекс се конкретни.

„Меѓутоа, тоа не е закон, нема можност за прекршочни одредби. Станува збор за етички мерки, само што ние како општество сѐ уште, за жал, не сме до дојдени до тој степен етичките мерки и Етичкиот кодекс да бидат со таа сила да влијаат многу повеќе отколку прекршочните одредби. Ние сме сѐ уште до тој степен дека е полесно да се плати казната отколку да се внимава на тоа како да се однесуваме“, оцени Грковска.

Извор: МИА

- Реклама -