Претворете ја во секс-кралица со само 4 чекори

Ако нешто ви недостасува во сексот, а сметате дека за тоа е виновен недостигот на желба кај вашата партнерка, време е да ги преземете нештата во свои раце. Еве како:

1. Разбудете го нејзиното либидо

Јан Кернер, доктор и автор на книгата „Таа свршува прва“, објаснува како да ја воведете во расположение за секс. Не е доволно само да и пријдете од зад грб, силно да ја прегрнете и страстно да ја бакнете во вратот. Возбудувањето кај жената расте бавно, и во бранови. Замислете ја како да е Ф1 болид, кој најпрво морате да го загреете на работна температура, за да можете од него да го извлечете максимумот, или во случајов, за да ја натерате да ја насочи секоја тронка сила за незаборавен сексуален перформанс.

Kuss und Petting

2. Заведете ја уште од утрото

Разбудете ја со мали бакнежи и нежни прегратки. Нека ја почувствува вашата физичка присутност и сигурноста која и ја пружате. Кога ќе се облекува за на работа или за на факултет, гледајте ја и набљудувајте ја. Погрижете се таа тоа да го забележи. Бакнете ја во вратот и во образот и задолжително прегрнете ја пред да замине. Нека размислува зошто денес чудно се однесувате. Кога ќе дојдат на ред вашите минути, се ќе и стане јасно.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината
3. Дајте и до знаење дека мислите на неа

Не, не морате да и праќате цвеќе и да и купувате чоколади (иако не е на одмет, нели). Мало внимание е доволно. СМС, мејл, лајк или коментар на Фејсбук можат да бидат ефикасно оружје. Речите и дека е секси и побарајте и да ви прати некоја нејзина фотографија.

orgasm-sex-passion-couple-bed[1]

4. Кога ќе падне ноќта

Кога ќе ви падне во раце, прегрнете ја и долго бакнувајте ја. Прашајте ја каков и бил денот. Држете ја за раката. Речете и дека супер изгледа. Бидете искрени. Што повеќе се потрудите да и покажете дека е сакана и посакувана, толку и нејзината сексуална желба ќе биде посилна и поизразена. Ако ја потсетите колку ви е важна и колку ви значи, таа ќе биде поспремна да се опушти и да се препушти на сексот.

- Реклама -