Превентивна активност во Гостивар: „Не користи мобилен телефон додека возиш“

Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар, вчера (28 јули) на магистралниот пар Гостивар – Кичево спроведоа превентивна активност во рамки на кампањата „Вози внимателно и одговорно“, под мотото „Не користи мобилен телефон додека возиш“, при што на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина.

Како што информира МВР кампањата е со цел подигнување на свесноста кај возачите дека користењето на мобилен телефон додека се управува моторно возило го одвлекува вниманието и ја намалува концентрацијата на возачот, а со тоа го зголемува ризикот за сообраќајни незгоди.

Извор