Во очекување на Денот на вљубените – Свети Валентин, во периодот од 8 до 14 февруари, на првиот кат од Скопје Сити Мол ќе се одржи специјален настан под името „Сити базар – Подари љубов, укради срце!“.
Како што е најавено, на овој базар ќе учествуваат 34 македонски креативци, специјализирани во изработка на рачни производи, претставувајќи уникатни дела со посебен личен печат.
Посетителите ќе добијат можност да одберат совршен подарок за своите сакани, при што секој предмет ќе носи посебна приказна и посветеност. Производите ќе вклучуваат рачно декорирани колачиња инспирирани од љубовта, елегантни аксесоари, уникатен накит, чанти со впечатлив дизајн, рачно изработени свеќи, љубовни сувенири, природна козметика и најразлични керамички уметнички творби.
Во периодот од 8 до 11 февруари на базарот ќе изложуваат: Glossy Accessories, Pinkocrafts, Wanderlust_mk, tangled.threadss,Flow.Can.Donna, Шарено ќоше, vbunarovska, Scented Studio, marcy_s_handmade, Сербез, Креативно студио Алегра, ByMimiCosmetis, Pika.Jesmonite, Wax & Wick Candles, Crochet by Fosi, Jordan WoodWorker, Китка дарови и Ателје Сиена.
Во деновите од 12 до 14 февруари своите рачни изработки ќе ги претстават: Ukiyo Crafts, simple Du, Balloon Twister, Dekoracii Marija, M&M Luxury Soap Bouquet, КРУГ, Луксифај гифт шоп, Бибер и Ванила, Добро ми стои, Елена Ристовска, АКРЕА, Small piece of joy, zen.Zeal,Love corner,Lumos Glow Candles и Monkdolls.
Овој настан е дел од новата иницијатива на Скопје Сити Мол – „Сити базар“, која започна во јануари со цел да ги поддржува и промовира македонските уметници и занаетчии. Идејата е секој месец да се организираат слични базари со различни теми,кои ќе вклучуваат најразлични фестивали,изложби,работилници и други интерактивни активности,насочени кон зајакнување на локалната креативна сцена.




