Пријатели во неволја

На 1 ноември Турција избира нов парламент, а гласањето претпоставува политичка воздржаност од надворешна страна.

Секое непримерно движење би можело да се дешифрира како нерегулирана помош за нечија предизборна кампања.

Ангела Меркел сепак одлучи да ја посети Турција – и покрај критиките од страна на опозицијата. Не затоа што има особени симпатии кон претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговата исламско-конзерватина партија на правдата и развојот, туку германската канцеларка повеќе нема време.

Меркел доби бројни критики, а преговорите со Турција ги определи како своја “проклета обврска” во оваа ситуација.

618x411
Анализа на Der Spiegel

Претседателот Ердоган игра клучна улога во обидот на Европа да го намали високиот број на мигранти. Турција е првата земја спас на бегалците – претежно Сиријци, но и граѓани на Авганистан, Ирак и Иран. Оттука луѓето се качуваат на чамци за Грција, по што навлегуваат во внатрешноста на Европската унија.

Во моментов над 2 милиони луѓе живеат во турските бегалски кампови, а голем дел од нив сакаат да го продолжат патот кон Запад. Ако Турција не ја игра улогата на “тампон зона”, Европа нема да може да го запре освојувањето на мигрантите.

Затоа ЕУ одеднаш се загрижени за односите со Ердоган.

Промената доаѓа по долг период на отуѓување, за време на кој во Турција се наметна уште поразвиен авторитарен режим.

Пред една недела Ердоган беше во посета на Брисел, каде шефовите и владите од ЕУ го разгледуваа планот на Турција за создавање на “зона за безбедност” во Северна Сирија. Деталите на турскиот предлог ќе се дискутираат меѓу Ангела Меркел, Ердоган и неговиот премиер Ахмет Давутоглу во Истанбул.

Оваа посета не е пријатно искуство за Меркел. Таа е свесна дека треба да направат отстапки; во спротивно Европа не може да очекува дека Ердоган ќе ги чува постабилно надворешните граници, за да го спречи понатамошниот бран на бегалци.

Во исто време Меркел не сака да создава впечаток дека ЕУ допушта да биде уценувана од еден човек, кој во никој случај не ги почитува човековите права, слободата на говорот и правната држава.

Цената која Ердоган ја става во замена за помош, е висока:

– Турција побара 3 милијарди евра од ЕУ за да се грижи за бегалци на својата територија. Европските лидери се подготвени да обезбедат финансиска помош, но не и во слични димензии.

– Турција сака да биде прогласена за “безбедна земја” – со други зборови, земја во која нема политички прогон.

„Јас се двоумам по ова прашање. Само помислете за конфликтот со Курдите или притисокот врз слободата на говорот во Турција”, коментира Гинтер Кирхбаум, претседател на Комисијата за европски прашања во Бундестагот.

– Веќе неколку години Турција инсистира за олеснување на визниот режим со ЕУ, пред сè за трговците. Во оваа точка Брисел изгледа подготвен да ги направи потребните попусти.

– Чувствително прашање е и преговарачкиот процес за пристапување на Турција во ЕУ, кој се влече со години.

Ердоган веќе покажа дека не е задоволен:

„Штом ЕУ не може да се справи без Турција, зошто се уште не ја прифатила земјата како полноправна членка?”. Покрај сè, Турција е многу поразвиена економија од голем број земји-членки.

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан предложи да ги отвора повторно преговарачките поглавја на темите “правна држава” и “Заштита на човековите права”.

“Само во процесот на преговори може да се врши притисок и да се постигнат подобрувања”, коментира тој пред Der Spiegel.

n_70264_1

Но колку реални се изгледите пред полноправното членство на Турција во ЕУ? Меркел и нејзината демократска унија се категорично против овие планови. Дури бегалската криза не може да ја промени оваа позиција.

До каде може да стигне Европа во флерт со Ердоган, без да паѓа во потребата од склучување на “валкани зделки”?

Мартин Шулц, претседателот на Европскиот парламент, предупредува: „Не треба да правиме чекор назад од основните принципи”.

Турската државна глава Ердоган бара политичка поддршка, која би ги задоволила геостратешките интереси на неговата земја. Можно е дури и да прави обид да се прелее “рејтинг” во насока на неговата Партија на правдата и развојот пред клучните парламентарни избори.

Меркел треба да внимава на тоа инструментализирање на политиката, иако претходно истакна дека не може си дозволи “какво и да е мешање” во предизборната кампања.

Таа коментира уште дека нема да го пропушти проблемот со заштитата на човековите права за време на посетата на Турција.

Меркел знае многу добро дека Ердоган никогаш не импресиониран од предупредувањата на Европа.

Уште помалку ќе биде импресиониран сега кога Европа е во позиција да го моли за помош.

- Реклама -