Пријатна шумска куќичка во Шпанија

Како го замислувате совршениот мирен викенд, особено во зима, откако снегулките го „отворија“ својот сезонски танц- фестивал?Ви се допаѓа  идејата за убав зимски пејзаж, во кој би можеле да  уживате низ прозорците на пријатна вила, во која секој еден детал зрачи со комфорт и топлина ? На нас ни се допаѓа и тоа многу!

Во потрага по совршеното планинско место наидовме на една чудесна куќа во Шпанија, во близина на Segovia, која е идеална за зимските месеци. Куќата импресионира со својот уникатен ентериер, а  во секој еден декоративен детал е пронајден начин за доловување на убавината на дрвото, како материјал. Зарем не би сакале сега  да сте таму во овој момент,  со чаша топло чоколадо во рака и со насмевка на лицето?

k1 k2 k3 k4 k5 k6 k7 k8 k9 k10 k11

 

- Реклама -