Амбасадата на Шведска во соработка со Кинотека на Македонија, на 27 јануари 2016 година, во 20 часот, премиерно ќе го прикаже шведскиот филм „Приказни од Стокхолм“ во кино-салата на македонската Кинотека.
Филмот е со превод на македонски и англиски јазик. Влезот е слободен, но се препорачува резервација на бесплатниот билет однапред.
Филмот „Приказни од Стокхолм“ (2013, 97 мин.), во режија на Карин Фален, е современа и хумористична драма за пет лица чии што патишта се вкрстуваат. Писателот Јохан е опседнат со неговата теорија за урбаната темнина и светлина. Пепи Даглас се вљубува во напуштената бездомничка Ана. На експертот за рекламирање, Џесика, одбиена и е молбата за посвојување заради недостаток на пријатели и зависноста од работата. Томас не може да се фокусира на работата заради некое случајно испратено љубовно писмо. Колку светлина ни треба да се видиме еден со друг?