Примерок од првиот стрип за „Супермен“ продаден за 175.000 долари

Редок, 75 години стар примерок од првиот стрип за „Супермен“ кој бил пронајден на ѕидот на една куќа во Минесота, е продаден на аукција за 175 илјади долари.

Идентитетот на купувачот од online-аукцијата која беше завршена во вторникот се уште не е објавен. Во стрипот „Action Comica“ од јуни 1938 за прв пат се појавил ликот кој го создале писателот Џери Сигел и илустраторот Џо Шутер, пренесуваат агенциите повикувајќи се на сајтот Comicconnect.com.

Првичните проценки велеле дека стрипот ќе биде продаден за околу 100 000 долари со оглед на тоа што останале сочувани само 100 примероци од оригиналниот тираж од 250 000 копии.

„Ова е мошне важно бидејќи станува збор за историска пресвртница. До тогаш не постоеле суперхерои во стриповите или костумирани мажи“, изјавил за „Ројтерс“ Стивен Фишлер, директор на Comicconnect.com.

Прочитајте и:  Во хотел во Јоркшир пронајдени  sидните лампи на Мадам де Помпадур од 1 милион фунти 

Стрипот го продал Дејвид Гонзалес кој го пронашол примерокот меѓу старите весници кои служеле како изолација на ѕидовите на една напуштена куќа во Минесота. Напуштената куќа од 1938-та година Гонзалес ја купил за само 10.100 долари.

Интересот за „Супермен“ сега е повторно разбуден со филмот „Човек од челик“, кој утре ќе биде премиерно прикажан во кината во Америка.

197038751151b980a3e47f7718508238_orig

- Реклама -