Природен лек против главоболка

Една од најголемите тешкотии на современиот човек е главоболката.Таа може да предизвика бројни последици како стерс, замор, преоптоварување на организмот.

Главоболката обично настанува во темето и предизвикува слаба концентрација, раздразливост и малаксаност. Со оглед на тоа што симптомите на главоболката најчесто се стрес, напнатост, грип, настинка, воспаление на синуси…експертите непријатната појава ја третираат како симптом, а не како болест.

Сепак, овој проблем може да го решите и на друг начин, доколку не ги сакате аспирините. Всушност, главната состојка на таблетите – салицин – која ги смирува болките, се наоѓа во познатите оревкасти плодови. Салицинот е активен материјал кој го содржат бадемите во голема количина, а со оглед на делотворноста која ја имаат, тие ја неутрализираат болката, па затоа се наречени природен Аспирин. Освен тоа, бадемите содржат високо ниво на магнезиум, што е важен за подобар проток на кислород што помага да се опуштат мускулите.

Една рака бадеми, поточно 10-12 плодови дневно, ја ублажуваат и ја спречуваат главоболката.

- Реклама -