Природен лифтинг: Лесни вежби за затегнување на кожата околу вратот

Работата на мускулите под брадата умее да ја затегне опуштената кожа под вратот.На видеото се прикажани  три едноставни вежби за таа цел. За оние кои не зборуваат анлиски има опис во текстот.

1. Наслонете ја главата наназад и умерено спуштете го долниот дел од вилицата, на начин што мускулите на вратот ќе се затегнат. Броите до 10. Полека вртете ја главата кон напред, неколку сантиметри, па повторно наназад. Повторете го ова движење 20 пати и тоа полека, така што ќе чувствувате како ви се затегнуваат мускулите. Движете ја главата напред-назад, немојте да го движите вратот на страна. Клучна точка е подрачјето под брадата, токму таму треба да почувствувате затегнување.

2. Кога ќе завршите со оваа вежба, опуштете го вратот, направете кружно движење со главата, така што ќе ги релаксирате мускулите. Повторно зафрлете ја главата наназад со движење на долната вилица. Задржете ја таа положба броејќи до 10.

3. Вратете ја главата во почетната позиција па сега полека подигнете ја брадата со бавни движења. Работата на мускулите под брадата не само што ќе ги затегне, туку и умерено ќе ја зацврсти опуштената кожа на вратот.

- Реклама -