Природни начини за прочистување на црниот дроб

Црниот дроб е своевидна „машина“ во човечкото тело. Земајќи го предвид фактот дека здравјето на црниот дроб се рефлектира директно врз целокупното функционирање на човекот, доаѓаме до заклучок дека неговата нега е од клучна важност за организмот.

Потребно е да пиете по најмалку две литра вода на ден, да дишете длабоко и да бидете опуштени. Би требало три минути да се туширате со топла, а потоа 30 секунди со ладна вода, бидејќи тоа го подобрува крвниот притисок. Освен овие мали совети, прочитајте и каква храна е препорачливо да конзумирате за на природен начин да го одржувате здрав црниот дроб:

Топла вода со лимон

Одличен начин за детоксикација. Ова би требало да го претворите во рутина, секое утро да пиете малку топла вода со лимон. Не, не е во прашање лимонада, и токму заради тоа не додавајте шеќер, или било каков друг засладувач.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

Бел лук

Додадете малку бел лук при готвењето, или исецкајте една главица во порцијата салата. Ги активира ензимите и природниот штит на црниот дроб.

Зелен чај

Тој го мие и чисти црниот дроб од токсини и штити од воспаленија.

Авокадо

Јапонските научници дојдоа до заклучок дека авокадото содржи соединенија кои го штитат црниот дроб од оштетување.

Магдонос

Состојка која оди одлично во речиси секоја салата, но и во другите јадења, а ги отстранува тешките метали со што значително ја олеснува работата на црниот дроб.

Кукурума

Не само што го штити, туку и успешно го регенерира црниот дроб.

- Реклама -