ОЈО Гостивар нареди притвор за трите лица, една жена и двајца мажи, вмешани во убиството на семејството Поцеста.
Според соопштението на ОЈО, првоосомничената, жена на возраст од 28 години, е под истрага бидејќи постојат основи на сомнение дека сторила кривично дело – убиство од чл.123 ст.3 од Кривичниот законик. За другите двајца осомничени, 31-годишен маж од Гостивар и 62-годишен жител на Дебар, постои сомнение дека и помагале во извршувањето со што сториле кривично дело – убиство од чл.123 ст.3 во врска со чл.24 од Кривичниот законик.
На сите тројца им е одредена мерка притвор од 30 дена, по предлог на надлежниот јавен обвинител до судот.