Изнајмете приватен авион во Македонија

Дали имате потреба да одлетате на некоја дестинација во Европа, за бизнис состанок кој трае 3-4 часа, а мора да се влечкате по аеродроми со денови за да стигнете до таму? Компанијата Macedonia Travel ви нуди можност за решавање на овој проблем.

За сега, понудено е изнајмување на Cessna 182 и Piper Senecca IV, а во најава е пристигнување на уште едно, помоќно летало – Jet Eclipse 500. Понудени се поблиски дестинации (Софија, Тирана, Солун, Белград), но и подалечни (Миконос, Сараево, Будимпешта). Цените се движат од 900 па до 3.300 евра за лет во двете насоки, а се однесуваат за закупување на целиот авион, без разлика на бројот на патници (од 1 до 4 лица).

Прочитајте и:  Фон дер Лајен спасила патник на лет за Брисел

Ваквата инвестиција на Macedonia Travel е за поздравување, но се чини дека впечатокот би бил многу подобар доколку се решат да инвестираат во пристоен фонт за нивната веб-страница.

- Реклама -