Извесно е дека државата ќе си го врати здемјиштето што и воопшто не требаше да го продаде, а цената за оваа децениска институционална сага сега ќе треба да ја платат граѓаните
Парчето земја од 2 500 квадратни метри, вгнездено меѓу парламентот, Домот на Армијата и Управниот суд, 11 години по продажбата, иако речиси недопрено, сега е на листата на приоритети и на премиерот и на Собранието, пишува „Призма“.
По промената на власта, совршено се наместија коцките за приватниот инвеститор на катната гаража до Собранието и покрај тоа што компанијата „Анго“ десет години не го изгради објектот.
Она што повеќе од деценија, надлежните упорно го занемаруваа, сериозниот потенцијал да биде безбедносен ризик за пратениците, денес, пак, новата влада бргу го усвои како главен аргумент за да ја обесштети фирмата.
Атрактивното земјиште што фирмата тогаш го купила за околу 330 илјади евра, односно за 8, 355 денари по квадрат, несомнено ќе има повисока цена.
Владата веќе го третира прашањето како ургентно и спореед изјавите на премиерот се бара начин да се обеесштети компанијата и пратениците да бидат безбедни, како што вели тој, да нема оштеетена страна.
Извесно е дека државата ќе си го врати здемјиштето што и воопшто не требаше да го продаде, а цената за оваа децениска институционална сага сега ќе треба да ја платат граѓаните.
Целата стројата на „Призма“ може да ја прочитате на следниот линк.
The post „Призма“: Катна кај Собрание – паркирани интереси и негрижа appeared first on 360 степени.