Синоќа во ургентниот центар во Белград пристигнале двајца повредени во тепачка во 2 часот по полноќ – Алекса П. (1996) и А. Р. (1997).
Како што неофицијално информираат соседните медиуми, момчињата тврделе дека учествувале во тепачка, во која бил вмешан синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ, како и неговото обезбедување.
За потсетување, ова не е прв пат Вељко да учествува во тепачка и да биде приведен од страна на службите.