Продадена најскапата книга во светот

книга„Птици од Америка“ од Џон Џејмс Адубон, ретка мешавина на уметност и природна историја достигна цена од над 10 милиони американски долари на аукција одржана во вторникот. Книгата сега официјално ја носи титулата најскапа објавена книга.

Со 435 рачно насликани илустрации на птици во природна големина, оваа книга е една од најдобро зачуваните изданија на ремек делото на Адубон кое оригинално било објавено во деветнаесетиот век. Некои од побогатите колекционери ја очекуваа продажбата на оваа книга во аукциската куќа Сотби веќе неколку месеци.

Точната цена на книгата, 10.270.000 (6,5 милиони британски фунти) била исплатена од анонимен колекционер кој својата понуда ја испратил по телефон. Бидејќи секоја слика е толку вредна, постои страв дека книгата може да биде уништена за секоја слика да биде продадена како посебно уметничко дело. Но, експертите велат дека ова нема да се случи. Тие велат дека книгата е многу повредна ако остане неоштетена, а колекционерите го почитуваат делото на Адубон толку многу што уништувањето на совршена копија би било исто како богохулење.
книга„Книгата има посебно место во пазарот на ретки книги“ вели Хедер О’Донел, специјалист кој работи за Бауман Ретки Книги од Њујорк. „Книгата е голем оригинален придонес кон проучувањето на природната историја во Новиот Свет.“

Џон Џејмс Адубон, кој умрел во 1851 година, претставува уникатна личност во американската историја – ренесансен човек кој потсетувал на Хаклбери Фин. Исто како и ликот на Марк Твен, Адубон тргнал на епско патешествие по реката Мисисипи, воден од неговата научна љубопитност. Вооружен само со пушка, еден асистент и подлога за цртање, тој направил илустрации од сите птици на кои налетал. Тој не успеал да најде печатар во САД поради преголемите илустрации, па отпловил за Британија, каде што нашол печатари во Лондон и Единбург. [Audubon’s “Birds of America” fetches $10 million]

- Реклама -