Продажбата на буркини зголемена за 200% по забраните во Европа

epa03366113 A young Turkish woman cools off while wearing a burkini at an open-air bath in Berlin, Germany, 20 August 2012. EPA/STEPHANIE PILICK

Продажбата на буркини, преку интеренет, е зголеmена „барем 200 отсто“ по забраната во Европа и во некои други земји, тврди австралиската дизајнерка Ахеда Занети.

Оваа облека за плажа, специјална за муслиманките, е комбинација од бурка, традиционална женска облека кај некои муслимани и бикините, која ги остава соголени само лицето, рацете и стапалата.

Занети (48) која се смета за Австралијанка, затоа што, како што вели, целиот живот го поминала во Австралија, се облекува само во традиционалните муслимански женски облеки. Се смета дека таа ги има измислено буркините и вели дека првичната идеја била „да им се овозможи на муслиманките, слободно да се вклучат во австралискиот начин на живот на плажите„.

– Буркините се израз на слободата на жената и претставува здраво живеење, а не нејзино угнетување – вели Занети, инсистирајќи дека не може никој да им кажува на муслиманките што да облекуваат.

Франција првично забрани носење хиџаб (целосно покривање на жените и девојчињата, освен очите) во училиште, оправдувајќи го тоа со безбедносни причини и со неможноста од идентификација на жената што го има на себе, но и за дискредитирање на исламизмот и за одбрана на секуларизмот.

Ова лето, градоначалникот на Кан забрани на плажите да се носат буркини за да, како што рече, се избегне двоењето на луѓто и одново, за да се заштити секуларизмот во француското општество. Казната за непочитување на оваа забрана изнесува 38 евра и таа важи до крајот на август годинава.

МИА

- Реклама -