Уште четири момчиња и нивниот тренер чекаат на денешната етапа од спасувачката мисија, која продолжува по подготовките и обновувањето на ресурсите на спасувачите.
Во првите два дена од операцијата, беа извлечени осум деца кои се во добра физичка и психичка состојба, но се со знаци на инфекции, соопштија властите. Тие се хоспитализирани и во следните седум дена ќе бидат под посебен лекарски надзор.