Професор по бизнис: Оставај од денес за утре

procrastination-office-worker-image[1]

„Не оставај за утре тоа што можеш да направиш денес“ – рекле старите, те учеле родителите, те учеле наставниците, ќе ти речат денес шефовите…

Одолговлекувањето и оставањето на обврските за подоцна ни е непријател, нели? Прави да останеме подолго на работа, да седиме до подоцна навечер, ни предизвикува стрес и го редуцира квалитетот на сработеното… Освен кога не.

„Остави нешто и за утре“ – би ти рекол Адам Грант, професор по бизнис на Бизнис школата Вартон (Wharton School of Business). Во видеото направено за Business Insider, тој објаснува како прокрастинацијата (термин за „одолговлекување“ што кај нас го присвоивме заради таа пуста желба да бидеме фенси) некогаш може и да работи во наша полза. Земајќи го Стив Џобс како пример, Грант наведува дека тој одолговлекувал многу од идеите, некогаш и одејќи им на нерви на своите соработници; но дека тоа на крајот резултирало со подобри идеи.

„Сметам дека идејата за одолговлекување треба на сите да ни биде удобна и прифатлива“, вели Грант, „бидејќи не можеш да ја брзаш креативноста“.

Ако ништо друго, Адам сака да учиме од Старите Египќани, кои имале два различни глагола за одолговлекување. Да, едниот бил во контекст на мрзеливост/апатијаДругиот бил во смисла на „чекајќи го правото време“. Од ова второво станува јасно дека Грант се залага за стратешко одолговлекување, а не за бесполезно губење време.

- Реклама -