Програмер направил програма која што има за цел да одговра на пораките на неговата девојка

Компјутерски програмер од Кина го привлече вниманието на јавноста во земјата, откако призна дека направил компјутерски бот што ќе одговара на текстуалните пораки на неговата девојка од 0 до 24 часот секој ден. Програмерот наведува дека причина за ова што го направил се големите обврски на работното место.

Овој експерт го носи името Ли Каиксианг и е вработен во кинескиот развоен инженерски гигант JD.com. Тој истакнува дека често бил толку многу зафатен со работата што едноставно немал време секогаш да одговора на пораките на девојката, па решил да го создаде овој бот што ќе го направи тоа за него. Тој признава дека на овој начин си го олеснил својот работа ден и во исто време не сакал да ги повреди нејзините чувства со игнорирање на нејзините пораки.
Тој, исто така, објавил и неколку слики од екранот на кои ботот испраќа и одговара на пораки на неговата девојка, а самиот софтвер изгледа многу добар.

Тој наведува дека првиот ден кога го лансирал ботот на интернет тој одговорил на вкупно 300 пораки на неговата девојка, па на некој начин и се оправдува правењето на оваа програма.

Во еден разговор неговата девојка се посомневала дека нешто е поинаку во начинот на кој тој одговра на нејзините пораки кога му ги поставила прашањата „Како го направи тоа„ и „Како одговараш толку брзо на мојте пораки„, но овој бот успеал да и го одвлече вниманието бидејќи е прогарамиран на моменти кога ќе треба да одговори на некои прашања да се прави дека е глуп.

Прогамерот јавно никогаш не објавил дали неговата девојка била свесна дека цело време се допишува со бот но, некои луѓе кои што слушнале за оваа идеја сметаат дека тој направил генијален изум дури од него го побарале и оргиналниот код за создавање на ботот.

“Па, тоа е генијална идеја. Не би требало да се грижам ако ја изнервирам мојата девојка за тоа што не одговарав на нејзината порака на време”, напиша еден корисник на социјалната мрежа.

Сепак програмерот додава дека ботот за допишување и не е така совршен. На една порака тој на девојката и одговорил: „Мила денес е 618 ден како што сме заедно. Би сакал твоето расположение секогаш да биде посветло и од самото Сонце“, а веднаш потоа и ја пратил временската прогноза, брзината на ветерот и условите кои преовладуваат како резултат на високата топлина предизвикана од сонцето.

Некој луѓе го искритикувале овој негов изум сметајќи дека малку претерал. Бидејќи имал време да го измисли овој бот, а немал време за разговор со неговата девојка. Некој коментари биле од типот дека неговата девојка можеби ќе се заљуби во ботот ако продолжи тој да и одговара на љубовните пораки.

- Реклама -