Пролетта е инспиративна за многу модни креатори. Некои од нив ова годишно време го гледаат како црно-бело, додека други сметаат дека пролетта заслужува богато шаренило.
DOLCE GABBANA
Познатиот моден бренд за оваа пролет препорачува елегантен градски стил. Кардигани, панталони и балетанки се нивниот избор. Преовладуваат пастелните бои, додека одредени комбинации се збогатени со потемни нијанси.
И ова модно дуо во својата колекција ги смести црно-белите комбинации. Ни покажуваат како со одмереност и едноставност да постигнеме врвна елеганција.
Понекогаш само еден црн детал е доволен за впечатлив изглед.
Јакна блејзер е еден од трендовите за оваа пролет. А покрај тоа набавете си и голема чанта и балетанки со цвет.
MOSCHINO
Познатиот бренд Moschino ни ги враќа боите. Смелите комбинации и јаките бои ја одликуваат неговата пролетна колекција.
Тесни панталони и јакна со многу детали одлично стојат со сандали во флуоресцентна боја.
Црно-белата-комбинација Moschino ја гледа на овој начин. Ја предлага со јак црвен кармин.
PRADA
PRADA својата пролетна колекција ја опиша со зборовите – едноставност во облекувањето што ја истакнува комплексноста на жените. Иновативните предлози се едни од најинтересните за оваа сезона.
PRADA за најважен детал го одбра цветот кој најдобро ја отсликува природата на секоја жена. И сосема е пригодна за пролетен изглед.
ANTONIO MARRAS
Antonio Marras пролетта ја гледа во весели бои и цветови. И дозволува носеење на најразлични детали.
VALENTINO
Valentino за оваа пролет подготви колекција на вечерни фустани и свечени модели. Креациите се наменети за дами со префинет вкус и стил.
ELLE SAAB
И овој креатор пролетта го инспирираше за креирање на елегантни фустани. Особено е интересен изборот на бојата и светликавите апликации.
Како вистинска принцеза дочекајте некоја од пролетните вечери.