Пролетно разигрување во кино салата на Кинотека. Овој месец на филмското платно ќе се прикажуваат филмови од различни жанрови, земји и континенти како и филмови од серијалот „Лауреатите на Манаки“.
Со возбудувања од психолошка природа, на филмското платно ќе биде прикажан филмот „Лолита“ снимен од режисерот Адријан Лин. „Лолита“ е мисловно истражување на темните аспекти на човековата природа. Улогите на Џереми Ајронс како Хамберт и Доминик Свејн како Лолита им носат сложеност и длабочина на ликовите.
Веднаш потоа ќе биде прикажан и еден од најзборуваните и најнаградуваните филмови во последнте 10 години, „Паразит“. Во 2019 година филмот ја освои „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал, а добитник е и на Оскар за најдобар филм.
Во овој тематски блок ќе бидат прикажани и „Мементо“, „Трчај Лола трчај“ и „21 грам“.
Како што информираат од Кинотека во месец април ќе бидат прикажани и три долгометражни филмови од грчката кинематографија, неколку краткометражни македонски филмови и двата филмови номинирани за Оксар, „Анатомија на падот“ по сценарио и режија на Жастин Триет и „Јас, капетан“, во режија на Матео Гароне.
„Се сеќаваш ли на Доли Бел“ ќе се прикажува на:
3 април (среда) 18:00ч
10 април (среда) 18:00ч
„Лолита“ ќе се прикажува на:
2 април (вторник) 20:00ч
„Паразит“ ќе се прикажува на:
3 април (среда) 20:00ч
„21 грам“ ќе се прикажува на:
4 април (четврток) 20:00ч
„Големата авантура на мачката Ру“ ќе се прикажува на:
6 април (сабота) 18:00ч
Денови на грчки филм
7 април (недела) 20:00ч
8 април (понеделник) 20:00ч
9 април (вторник) 20:00ч
„Мементо“ ќе се прикажува на:
9 април (вторник) 18:00ч
„Амадеус“ ќе се прикажува на:
10 април (среда) 20:00ч
„Светиот пајак“ ќе се прикажува на:
12 април (петок) 18:00ч
17 април (среда) 18:00ч
„Кучиња во операта“ ќе се прикажува на:
13 април (сабота) 18:00ч
Кратки македонски филмови
16 април (вторник) 18:00ч
19 април (петок) 18:00ч
„Црвено небо“ ќе се прикажува на:
16април (вторник) 20:00ч
18 април (четврток) 18:00ч
23 април (вторник) 20:00ч
„Трчај Лола, трчај“ ќе се прикажува на:
17 април (среда) 20:00ч
„Тешка година“ ќе се прикажува на:
19 април (петок) 20:00ч
24 април (среда) 18:00ч
„Анатомија на падот“ ќе се прикажува на:
25 април (четврток) 18:00ч
26 април (петок) 18:00ч
30 април (вторник) 20:00ч
„Јас, капетан“ ќе се прикажува на:
18 април (четврток) 20:00ч
20 април (сабота) 20:00ч
23 април (вторник) 20:00ч
„Духот од Кантервил“ ќе се прикажува на:
20 април (сабота) 18:00ч
„Големата вода“ ќе се прикажува на:
25 април (четврток) 20:00ч
„Црвените булки над ѕидините“ ќе се прикажува на:
26 април (петок) 20:00ч
„Баш супер“ ќе се прикажува на:
27 април (сабота) 18:00ч
„400 удари“ ќе се прикажува на:
27 април (сабота) 20:00ч
„Северна утеха“ ќе се прикажува на:
30 април (вторник) 18:00ч
Цела програма на Кинотека може да ја погледнете тука.
Превземено од „https://www.radiomof.mk/proletno-razigruvanje-vo-kinoteka-objavena-programata-za-april/#prettyPhoto“