Промена на рутите и целната локација на дефилето „ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ“

Дефилето на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот што ќе се одржи во сабота, 13 мај 2023 ќе започне во 11:00 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотел Holiday Inn и на мотоциклистите во 11:30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе се сретнат на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.

До ваквата промена дојде поради неможноста истиот ден да се користи плоштадот „Македонија“ за оваа намена.

Дефилето има за цел да влијае врз зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигање на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот.

Прочитајте и:  ОКТА донираше фотоволтаични сообраќајни знаци за зголемување на безбедноста на учениците во Општина Центар

Дефилето кое ќе се одржи под мотото ,,ЈАС ВНИМАВАМ И БЕЗБЕДНО ВОЗАМ е во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.

Сите кои сакаат да дадат личен придонес за подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, можат да се приклучат на ова свечено дефиле со својот велосипед или мотоцикл.

- Реклама -