Британскиот филмски продуцент и писател Мајк Дауни, вечерва во 20 часот во Кинотеката ќе го претстави својот роман „Истарско злато“, во издание на „Прозарт медиа“ од Скопје. Гостувањето е во рамките на 12. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, чија официјална програма заврши синоќа со врачувањето на наградата „Прозарт“ на српскиот писател Владимир Пиштало.