На 13 декември во Музејот на град Скопје ќе се случи промоција на книгата „Јога – духовна одисеја“ од учителот по јога Павлос К. Хасанагас, а во издание на Јога сојузот на Македонија. Книгата претставува приказ на автентичниот начин на кој учителот Павлос К. Хасанагас ја толкува и предава јогата веќе 40 години.

Павлос К. Хасанагас е учител по јога, за чие име е врзано организираното пренесување на јогата во Македонија. Неговото учење се базира врз класичната јога на Патанџали, која тој ја приспособува за современите потреби на луѓето, а ја пренесува во форма на интегрална јога, зашто само на тој начин може да се овозможи сеопфатна духовна трансформација на човекот.
Во „Јога – духовна одисеја“ на разбирлив јазик, низ едноставни примери, тој ни говори за филозофската и психолошката димензија на ова древно учење, објаснува како низ синтезата на разните видови јога се одвива духовниот развој, но пред се укажува на можноста за интеграција на ова комплексно знаење во животот на секој човек.
Токму затоа и насловот на книгата не е случаен. Кога некој почнува да се занимава со јога тој тргнува на една духовна одисеја, на едно патување навнатре, во кое “Итака” се неговото срце и неговата душа, а патот на нивното облагородување врви низ откривањете на невидливото, на духовното. Но, книгата не е наменета само за практиканти на јога, туку е за сите оние што се прашуваат и кои бараат, затоа што авторот му се обраќа на нашето срце многу повеќе отколку на нашиот интелект, за да го разбуди повторно интуитивното, повисокото во нас.
Промоцијата на книгата ќе се случува на 13 декември, во Музејот на град Скопје во 18.30 часот. За неа ќе говорат академик Катица Ќулавкова и Стеван Милиќ од Јога-сојузот.