Во неделс со почеток од 19:00 часот во Градското Кино Милениум – Скопје, ќе се одржи промоцијата на книгата ,,Различни но слични” на Амела Мемиш Апостоловска.
Се работи за книга која изобилува со важни тематики од секојдневието на секој битисник на планетава какви што се: осаменоста, љубовта, пријателството, односот кон најблиските, самодовербата, битката за автентичен живот и многу други егзистенцијалистички и хуманистички аспекти на животот вклучувајќи го мајчинството и лицата со потешкотии во развојот.