Промоција на книгата „Вести од никаде“ од Вилјам Морис

На 21 мај во 19 часот во книжарницата „Буква“ ќе се одржи промоцијата на конечно преведениот на македонски јазик роман на Вилијам Морис „Вести од никаде (или Епоха на спокојот“).

Овој роман, напишан кон крајот на 19 век, раскажува за еден 21 век што е многу поразличен од 21век што го живееме. Нудејќи визија за еден многу поразличен и посреќен 21 век, романот има моќ да ја разбуди и ослободи имагинацијата што сега е цврсто заробена во стегите на капиталистичкиот реализам. Па многумина не можат ниту да замислат поинаков и подобар свет и дури полесно им е да го замислат крајот на светот отколку крајот на капитализмот. А токму ваквата стерилност и заробеност на мислата, во сегашниот историски момент, кога климатската криза ни налага од корен да го промениме начинот на живот, економијата, општеството, не е само жална, туку и погубна. Затоа, можеби денес ова дело на Морис, со својот оптимизам дека друг свет е можен, е уште поактуелно и понасушно потребно од времето кога е напишано.

Прочитајте и:  Нов роман од популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма"

Вилијам Морис (1834-1896) бил сестрана личност: дизајнер, архитект, печатар, поет, прозаист, преведувач, занаетчија, политички и уметнички активист и – социјалист. Тој бил уметник за кого најголемата уметност била уметноста на живеењето, вљубеник во ослободената работа, предвесник на екосоцијализмот и, донекаде, прапрадедо на модерниот соларпанк.

Преводот на македонски јазик е во издание на издавачката куќа „Слово“.

- Реклама -