Вечерва во 19:00 часот во Кинотека на Македонија, во склоп на Флипбук фестивалот, ќе биде промовирана монографијата на Андријана Ружиќ „Michael Dudoc De Wit – A Life in Animation“ (2021) во издание на CRC Press, Taylor & Francis Group, Boca Raton London New York.
Промотор е Жарко Иванов.
Изданието претставува уникатно истражување на кариерата на Мајкл Дудок де Вит кое ги разгледува сите негови дела и нуди увид во неговиот приватен живот. Биографијата на овој европски мајстор за 2D анимација, роден во Холандија и со седиште во Лондон, е првиот целосен преглед на добро дефинираниот и канонски опус на неговиот скромен гениј.
Визуелно и тематски, поетскиот и единствен стил на анимација на Дудок де Вит се разликува од остатокот на современата независна анимациска продукција. Оваа книга го открива сето она што сè уште го предизвикува и возбудува Дудок де Вит во уметноста на анимацијата и дава одговор на прашањето зошто тој упорно продолжува да верува во убавината на рачно нацртаната анимација.