Pagoda.mk и Beats Of Asia на 16 мај најавуваат забава во Drunken Monkeys и промоција на најновите песна и спот на Peppermint.
Со песната “Minna Aishiteru / みんな 愛してる ” ( мак. „Сите ги сакам“), Peppermint / Peppa Minto стануваат првиот македонски бенд кој создава авторска песна на јапонски јазик, напишана во консултација со јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу.
Во рамките на промоцијата ќе има перформанс на неколку песни од Peppermint во живо,музички избор припремен од Beats of Asia, целовечерна промоција на јапонски пијалоци и свежо приготвено суши.
За музичкиот спотот на Пеперминт одговорни се: директор на фотографија, Стефан Рајхл, режија Стефан Рајхл и Горан Трифуновски, костим Марија Пупучевска и Ангела Богеска, монтажа, Аристид Филактов, сценарио Горан Трифуновски и сценографија на Боби Слободан Гроздановски.