Промоција на новиот албум на Сетстат за светскиот ден на џез музиката

Култниот македонски џез состав СЕТСТАТ ќе му се приклучи на меѓународното одбележување на 30 април како Светски ден на џез музиката (иницијатива на УНЕСКО) со концертна промоција на својот најнов албум Петит Синематик.

Концертот ќе се одржи во клубот Менада во Скопје со почеток во 22.00 часот, а претходно како дел од програмата ќе бидат прикажани два џез-документарни филмови и преносот во живо на Глобалниот џез концерт во Истанбул, градот домаќин на овогодишната прослава со концерт на Херби Хенког и неговите пријатели.

seth-timeline-coming-soon (1)

Сетстат веќе двесетина години неуморно ја промовираат македонската џез сцена, а зад себе имаат пет успешни албуми. Нивниот најнов, шести по ред албум, ПЕТИТ СИНЕМАТИК, е своевидно надоврзување на претходниот албум Кораб, но не и задолжително продолжување на истата тема, туку едно музичко патување само за себе, или како што велат Сетстат : музичко патување со себе, во себе и меѓу себе, ратегнато врз замислен, но реален свет.

Прочитајте и:  Францускиот перкусионист 𝐀𝐧𝐭𝐞𝐳 на Фестивалот на Џез, Ворлд и Современа музика

Зад изданието стојат шест реномирани музичари: Владан Дробицки, Васко Бојаџиски, Павел Дробицки, Панче Бујуклиев, Гоце Наумов и Дино Милосављевиќ (Васко Атанасоски од групата Бернајс Пропаганда се јавува како гостин музичар на една од нумерите), а снимено е во џебното кино на Младинскиот Културен Центар во Скопје од страна на Ален Хаџи Стефанов и во продукција на Владан Дробицки.

Албумот е во дигитално издание и ќе  може да се набави преку сите популарни он-лајн музички продавници во светот.

- Реклама -