Промоција на романот „Големиот скандал“ од Сања Трпковска

Во сабота, на 15 јуни, во кафе-книжарница „Буква“, во 16:00 часот ќе се одржи промоција на романот „Големиот скандал“ од Сања Трпковска.

Промоторка е Јулијана Величковска. „Големиот скандал“ е роман за патувања, подароци, пасошки контроли, перничиња и плеј-листи за по пат. Приказната на двајцата патници во купето бр. 091 на железничката станица во Лондон започнува со наивно прашање – дали може да се затвори прозорецот. Конечна дестинација е Париз, директна линија. „Големиот скандал“ е прв објавен роман на Сања Трпковска. Вториот роман „Реквием на тацна“ беше одбран во топ три ракописи на конкурсот „Новите“ (2023), од издавачката куќа „Темплум“ од Скопје. Расказот „ПАС-АПОРТ“ беше објавен во рамките на конкурсот за краток расказ на помирување – Бибер 04 (2021). Сања пишува за блиското минато и идно време, застанува во сегашноста да пие кафе низ улиците и звуците на Балканот. Романот е издаден од издавачка куќа.„Фуснота – Скопје“.

Прочитајте и:  Нов роман од популарниот автор Зоран Спасов Sоф – „И јас сум Сирма"
- Реклама -