Стихозбирките “Малечката Ана” и “Две сонца” од поетесата Благица Велковска ќе бидат промовирани утре, 6 август, со почеток во 18,00 часот, во НУ Центар за култура Крива Паланка.
Промоторки на стихозбирките ќе бидат Оливера Станковска и Марица Митева Станковска.
Поетесата Велковска досега има објавено 7 стихозбирки и уште неколку се во подготовка. “Малечката Ана” и “Две сонца” , пак, се посветени на внуката и на ќерките на Велковска.
Промоцијата е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „ Крива Паланка – Град на културата 2024“.