Пронајдена дрога во автобусот на Џастин Бибер

Во празен автобус за турнејата на Џастин Бибер, кој бил паркиран пред еден хотел во Шведска, полицијата пронашла дрога и пиштол за електрошок. Полицајците насетиле дека од автобусот со затемнети стакла продира мирис ан марихуана, па влегле да ја проверат ситуацијата.

image (1)

Портпаролот на полицијата, Ларс Бистро одби да наведе кој вид на дрога била пронајдена. Претресот бил направен за време на концертот на Бибер во средата, но никој не бил приведен.

Џастин Бибер во јануари беше фотографиран со цигара во чуден одлик, по што им се извини на фановите. Тој во рамките на актуелната турнеја откажа неколку концерти, а закасни цели шест часа на закажаното снимање во Копенхаген.

- Реклама -