Познатата слика на британскиот уличен уметник Бенкси, „Девојче со црвен балон“ е пронајдена откако беше украдена од галерија во Лондон минатата недела, а двајца мажи се обвинети, соопшти утрово полицијата.
Делото прикажува девојче која посегнува по црвен балон во форма на срце, а во Лондон и во светот има неколку мурали кои ја прикажуваат истата слика, пренесува „Ројтерс“.
Таа слика е единствениот предмет украден на 8 септември, соопшти полицијата. Сликата велат ќе биде вратенаво галеријата.
Осомничените се двајца мажи на возраст од 47 и 53 години, кои остануваат во притвор и ќе се појават пред судија на 9 октомври.
„Девојчето со црвениот балон“ првпат се појави на улиците на лондонскиот Шоредич во 2002 година, а Бенкси создаде верзии на сликата на јужниот брег во Лондон во 2004 година и на Западниот брег во 2005 година.
Анонимниот уличен уметник стекна слава со своите графити со политичка конотација, по што неговите дела станаа популарни и достигнаа висока вредност.