Пронајдено мртво тело во Дебарското Езеро

Во водите на Дебарското Езеро утрово било пронајдено тело на 54-годишен жител на Дебар, кој претходно беше пријавен како исчезнат.

Неговото тело го забележал рибар, во близина на градската плажа.

Дебарецот беше пријавен како исчезнат од страна на неговото семејство на 18 јули, откако немале контакт со него од претходниот ден.

На телото немало знаци на насилство.

Прочитајте и:  Искршени клупи на повеќе локации низ Дебар
- Реклама -