Прошетка низ музејот посветен на Титаник

Музејот на Титаник во Бренсон, Мисури, е двокатна зграда, стилизирана како и самиот Титаник.

Внатрешноста е целосна копија на предната половина на бродот, кој е укотвен во мал базен со вода, за да се создаде привид на Титаник во морето.

1

Во музејот се влегува низ отвор во ледениот брег.

2

Посетителите можат да ги видат големите скалила на бродот, дел од местата, како и кабините од прва и трета класа.

 

Во излозите во 20 одделни сали се поставени околу 400 артефакти од остатоците на Титаник. Освен тоа музејот нуди различни интерактивни изложби, како прошетка низ капитенската просторија, собата со телеграф, каде можете да испратите SOS порака, и многу актери облечени како екипажот.

3

Кога влегувате во музејот, ќе ви биде издаден билет со името на едни од неговите најпознати патници. Па до крајот на турата нема да сте свесни дали сте од преживеаните.

Индивидуалната тура ќе ве однесе до меморијален ѕид, на кој што ќе го побарате името на билетот. На него се испишани сите 2208 патници и нивните приказни.

Прочитајте и:  „Св. Ѓорги“ и Јени џамија, од денеска се Музеј на христијанско и исламско културно наследство

6

Низ целиот брод талкаат преоблечени актери во офицерски униформи, слугинки и се разбира, капетанот. Аудио записите пак ја пресоздаваат атмосферата на Титаник преку скриени звучници. Во салата посветена на потонувањето, ќе можете да пробате да се искачите на стрмни палуби, кои биле предизвик за патниците за време на бродоломот.

5

Освен тоа ќе можете да седнете во чамецот за спасување, како и да ја натопите раката во вода со истата температура при која потонал Титаник. И конечно, од продавницата за подароци можете да купите сувенири и секакви предмети поврзани со бродот.

Музејот на Титаник во Бренсон е еден од двата тематски музејот, во сопственост на Џон Џослин, кој беше на чело на експедицијата во 1987 година, што ги откри потонатите останки на Титаник. Другиот се наоѓа во Тенеси, и е сличен на оној во Бренсон.

8

- Реклама -