Прошетка низ убавините на Турција

Во Турција има одлични хотели и многу историски знаменитости, кои можат да се посетат, но најубавиот сликар останува природата.

Погледнете 9 од најубавите места во земјата.

Олудениз

1 1a

Го нарекуваат Сината лагуна на Турција. Малиот град е сместен на брегот на Егејското Море.

Лагуната е национален парк и резерват.

Најблискиот врв Бабадаг е популарно место за параглајдерство.

Кападокија

2

На ова место во Мала Азија некогаш имало старо царство, а денес тука се наоѓа природен парк.

Вулканската активност создала чудесно образовани форми, слични на оџаци. Некогаш тука имало христијански цркви.

Многу е популарна прошетката со балон во воздухот.

Патот Олудениз – Анталија

3

Тоа е пат од 480 километри меѓу двата града, поголемиот дел е медитеранското крајбрежје и има прекрасни пејсажи. Ако сакате да ја преминете маршрутата пеш, ќе ви требаат 20-30 дена.

Истанбул

4

Најголемиот град во Турција се наоѓа меѓу Европа и Азија. Архитектурата е извонредна, а над градот сведочи куполата на Света Софија и Сината џамија.

Памуккале

5 5a

Тоа се топли извори, чии што води се собирале по планински терен и оформиле неколку природни базени. На врвот на планината античките Грци и Римјани го изградиле градот Хиерапулис. Подгответе се за глетки, какви што не сте виделе никогаш досега.

Езерото Ван

1 1a

Тоа е најголемото езеро во земјата кое зафаќа површина од 3 744 квадратни километри и со просечна длабочина 160 метри.

Во него има четири острови. На еден од нив – Акдамар има убава црква од 10- тиот век.

Капуташ Бич

2

Турција има околу 1 600 километри крајбрежје на Средоземното Море. Една од најубавите плажи е Капуташ. Тука нема речиси никаква изградба – нема хотели или друга инфраструктура.

Врвот Арарат

3

Се наоѓа во источниот дел на Турција, недалеку од езерото Ван. Се смета дека тука пристигнала Ноевата арка.

Во текот на целата година на врвот има снежна покривка, иако таа се намалува во последните децении.

Понтиски планини – Северните Анадолски планини

4

Планинскиот масив е долг 960 километри. Различните негови делови се населени од различни народи низ историјата и денес може да се видат остатоци од различни култури.

Манастирот Панагија Сумела е еден од знаменитостите кои може да ги посетите. Изграден е на стрмен рид во 4-тиот век. Денес не функционира како манастир, туку претставува туристичка атракција.

- Реклама -