Прошталното писмо на Владимир Мајаковски

Владимир Владимирович Мајаковски е руски писател, меѓу најпознатите претставници на поетскиот футуризам на царска Русија и Советскиот Сојуз во раниот 20-иот век.

Владимир Мајаковски, кој себе си се нарекувал Владим Владимич, е роден на 7 јули 1893 година. На почетокот од кариерата им припаѓал на футуристите, но подоцна со восхит ги прифатил идеите на Октомвриската револуција и станал еден oд најистакнатите поети на новата советска држава. Така, во почетокот на 1920-тите, Мајаковски носел знамиња за време на првите саботници кои се организирале за време на Новата економска политика.

m22

На 12 април 1930, Мајаковски напишал проштално писмо во кое, покрај другото, стоело:

До сите. Не окривувајте никого за мојата смрт и, ве молам, да не правите сплетки. Покојникот тоа го мразеше многу.

Мамо, сестри, другари, простете, ова не е начин (на другите не им го препорачувам), но навистина немам излез.

Лилјо, сакај ме.

Започнатите стихови дајте им ги на Брикови – тие знаат што треба.

Во писмото напишал и една строфа:

Понекогаш велат –

“Случајот е целосно јасен”,

На брегот на живеењето

се скрши љубовниот брод.

Со животот ги заклучив сметките,

не треба список гласен

на взаемните болки,

навреди

и каранции.

Останете среќни

Владимир Мајаковски.

Два дена подоцна, на 14 април 1930 г., во Москва, Мајаковски извршил самоубиство кое до ден-денес останува голема мистерија во поглед на вистинските причини кои го предизвикале.

Вл._Маяковский

Анегдоти поврзани со Мајаковски

Мајаковски бил човек полн со хумор и сарказам и бил многу отворен и директен во односот кон луѓето и за време на своите учества на литературните настани.

Кога на познатиот руски сликар Илја Репин му ја прочитал поемата “Облак во панталони”, тој бил воодушевен и го поканил во своето ателје за да му наслика портрет – нешто што било резервирано само за најтесен круг луѓе. На тоа, Мајаковски го прашал: А колку ќе ми платите за тоа? Подоцна, сепак отишол во ателјето, но со избричена глава, шокирајќи го славниот уметник.

Во друга прилика, Корнеј Чуковски се воодушевил од стиховите на Мајаковски и сакал да го пофали. Го нашол како игра билјард, го извлекол од играта и почнал да му зборува, а Мајаковски го прекинал со зборовите: Јас сум зафатен… извинете… ако сакате да ја пофалите таа книга, ве молам, одете во оној агол… кај последната маса… таму, гледате ли, седи старец со бела кравата. Јас одам со неговата ќерка и таа веќе знае дека сум голем поет… ама таткото се сомнева. Во една прилика, некој му рекол: Мајаковски, вие мислите дека сите ние овде сме идиоти! На тоа, Мајаковски одговорил: Од каде ви е тоа? Јас пред себе гледам само еден.

Мајаковски, вие себеси се сметате за пролетерски поет, а постојано велите: јас, јас, јас. Како така? На тоа, Мајаковски одговорил: Дали Николај Втори бил колективист? Тој постојано зборуваше: Ние, Николај Втори…

Вашите стихови се актуелни, тие ќе умрат брзо, вас ќе ве заборават. Бесмртноста не е ваша судбина. На тоа, Мајаковски одговорил: А, вие дојдете по илјада години. Тогаш ќе разговараме.

Извор: Википедија

- Реклама -