Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)

Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Веќе четири дена по ред во Скопје се одржуваат протести, главно од младите луѓе, коишто не можат да се помират со бесмисленото убиство на младиот Мартин Нешкоски од припадник на полициската единица „Тигри“. Пораката од протестантите е – стоп за полициската бруталност во Македонија.

Надополнето на: 18 јуни 2011, 10:04 часот. Придвижете се со копчето од маусот надолу за да ги погледнете најновите настани од протестот.

Мирните протести можете да ги следите и во живо на Twitter, преку коментари, линкови, фотографии и видеа на поединци. Кликнете тука.

Во понеделникот, на 6 јуни 2011 година, во дел од медиумите беше објавена штура информација дека младо момче на возраст помеѓу 23 и 25 години било пронајдено мртво на тревникот пред МЕПСО, а откако тоа било прегледано до лекар, било констатирано дека „немало видливи траги на насилство“.

Можеби целата приказна ќе завршела тука, доколку една новинарка не се нашла близу до случувањата и веднаш не разговарала со бројните сведоци на настанот. Оттаму произлезе овој напис. Тој се рашири во твитер-заедницата за неверојатно кусо време и за помалку од половина час веќе започнаа да се собираат првите револтирани граѓани пред фонтаната во градскиот парк.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)

Вака изгледаше клупата на којашто животот го заврши Мартин Нешкоски, неполни 24 часа по неговата смрт

Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа) Првичната информација беше дека момчето што било убиено од припадник на специјалните полициски сили се вика Даниел, па така речиси сите твитерџии од Македонија, дури и оние со длабоки несогласувања, се обединија во име на расветлување на случајот. Сè започна со хаш-тагот #daniel.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)За многу кусо време по објавувањето на вистинската информација за смртта на момчето, значителен број млади од паркот тргнаа кон градскиот плоштад, за да го посетат местото кадешто било убиено момчето. Меѓу нив се најде и @365eclectic и ги направи првите фотографии од поворката. Стихијната група бараше одговори, причината зошто се кријат информациите, како и расветлување на убиството и казнување на убиецот.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)До 21 часот на плоштадот се собраа помеѓу 200 и 300 луѓе, релативно мала група, но доволна за да се изрази револтот од односот на институциите. Од збирното место, поворката се упати кон полициската станица „Беко“ за да праша: „Каде бевте вчера?“ и „Кој го уби Даниел?“. Освен полицијата задолжена за обезбедување, таму немаше никој, па така протестантите се упатија кон улицата „Македонијa“.

{vimeo}24759655{/vimeo}
Револтот беше искажан со седнување на местото каде што улицата „Димитрие Чуповски“ се вкрстува со улицата „Македонија“. Повремено, им се објаснуваше на оние што се собраа да гледаат зошто се протестира. Повиците за придружување не вродија со плод, па така најголем дел од луѓето останаа од страна или во блиските кафулиња.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)На вториот ден, протестите веќе станаа далеку помасовни. Преку илјада млади луѓе дојдоа пред спомен куќата на Мајка Тереза, занемарувајќи ги разликите и несогласувањата, обединети во барањето правда за Мартин. Непосредно пред почетокот на протестот беше официјално објавено дека убиецот е пронајден и најпосле беше признаено дека се работи за убиство. Тоа не ги поколеба младите скопјани да побараат крај на полициската бруталност.

{vimeo}24792546{/vimeo}
Протестната поворка од спомен куќата на Мајка Тереза се упати кон Собранието на Република Македонија, но не се задржа долго таму, туку го заобиколи, враќајќи се кон улицата „Македонија“. Оттаму се продолжи кон Рамстор, па кон Нова Македонија, по што протестот се насочи кон Министерството за внатрешни работи.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Но, двата пристапи кон оваа институција беа блокирани со силно полициско обезбедување, уште на почетокот на улиците. За момент се појавија искри кај пријателите на убиенот Мартин, но за среќа, разумот надвладеа и беше избегнат инцидент со специјалците, т.е. страстите во целост беа смирени.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)На крајот од протестите, поворката се упати кон судот, кадешто исказ требаше да даде сведокот на убиството, за да му изрази поддршка. Беше направен договор протестите да продолжат и следниот ден, додека се постигне посакуваната цел – крај на полициската бруталност. Можеби најважно во целата ситуација е што самоорганизираната младина преку Твитер и Фејсбук не падна на провокациите на медиумите кои се обидоа да го маргинализираат протестот преку партиско бојосување.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Во пресрет на третиот ден од протестите, бројни светски медиуми ја пренесоа информацијата за протестите во Скопје: Вашингтон Пост, iCNN, Индекс, Boing-Boing, Global Voices, Balkan Insight, Nezavisne Novine, euInside·, tvXre-novine, 24ur, care2 и др.; додека Радио Слободна Европа го посочи придонесот на македонската твитер-заедница, без која ова убиство можеби ќе поминеше незабележано. Дополнително, твитер заедницата направи и листа на историјата на бруталност од македонската полиција, што покажа дека не се работи за изолиран инцидент.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Третиот ден протестите повторно се одликуваа со масовност, и покрај фактот што на неколкупати протестантите се соочија со пороен дожд. Нивната реакција беше: „Нема да си одиме!“ и „Од дожд не се умира!“. Од збирното место, пред спомен куќата на Мајка Тереза, полека се појде до Собранието на Република Македонија, кадешто неколку говорници кажаа по некој збор.

{vimeo}24846841{/vimeo}
На обидите за манипулација со јавноста, во насока дека протестите се организирани од некои партии, протестантите одговорија со јавно исвиркување на четирите лидери на најголемите политички партии во земјава. Во исто време беа повикани сите граѓани на земјава, како личности, а не како партиски војници, да дојдат и да се придружат за доброто на сите млади луѓе.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)За првпат се проговори и на албански јазик, затоа што „Заедно сме посилни“ и „Смртта не познава разлики“. Обединети како никогаш порано, протестантите од собранието се упатија кон местото на злосторството, за да запалат свеќи и да остават цвеќиња, онаму кадешто прерано згасна животот на Мартин.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Последна почит му беше оддадена на убиениот Мартин Нешкоски, од огромна група сограѓани, кои за разлика од другите не најдоа изговор зошто да не бидат таму. Како што велеше еден од транспарените: „Вчера беше Даниел, денес е Мартин, утре може да бидеш ТИ!“
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Третиот ден од протестите заврши на истото место кадешто заврши и првиот – на местото кадешто се вкрстуваат улиците „Димитрие Чуповски“ и „Македонија“, со седнување на асфалтот и покрај тоа што поројниот дожд повторно започна да паѓа. Сите протестанти беа едногласни – протести ќе се одржуваат „Секој ден!“, до мигот кога некој ќе преземе одговорност за целиот случај и ќе биде ставен крај на полициската бруталност.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)

Зелено светло за протестот

Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протестите продолжуваат и денес, во 18 часот, а збирното место останува исто – спомен куќата на Мајка Тереза. Добредојдени се сите што се загрижени од случувањата и не би сакале вакво нешто некогаш да се повтори во Македонија. Случувањата на Твитер понатаму можете да ги следите преку таговите: #martin и #protestiram.

Дополнување: Четвртиот ден повторно на улиците излегоа голем број протестанти. Тие одново беа соочени со дожд, но никој не се предаде. По неколкуте говори кои можеби беспотребно се развлекоа, поворката тргна од збирното место – спомен куќата на Мајка Тереза, по улиците на Скопје, во насока на републичкото собрание.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Наместо говори пред собранието, толпата реши својот револт да го искаже со седнување на блиската крстосница и мирно протестирање на овој невообичаен начин. Таму, збор му беше даден единствено на братот на Мартин, којшто првпат се одлучи да проговори за тоа што се случи. Откако се заблагодари за поддршката и повика на мирни протести, човекот колабираше.

{vimeo}24897728{/vimeo}
Залудни останаа повиците за помош од медицинскиот персонал што срамежливо ѕиркаше од прозорците на болницата. Тие со раката дадоа знак тој да биде однесен таму. Откако му стана малку подобро, братот на Мартин го однесоа во болница, а протестот продолжи понатаму.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)И на следната крстосница следуваше седнување, не подолго од 15 минути, за симболично да се изрази револтот што многумина одбиваат да го чујат. Потоа, спонтано беше решено да се тргне кон Црниче, т.е. кон зградата на МВР.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Иако се работи за јавна институција, патот што води кон МВР беше блокиран на повеќе од 500 метри оддалеченост од влезот, од кордон полициски специјалци. Толпата пристигна до нив и праша на сиот глас: „Зошто не нè пуштате?“ Нормално, одговор немаше. Постоеше опасност од инцидент поради разгореноста на емоциите, но за среќа, разумот повторно надвладеа.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)За да се изрази револтот од блокирањето на улиците, протестантите седнаа на среде крстосница, вртејќи им грб на специјалците. Она што зачудува е зошто униформираните полицајци што се задолжени за регулирање на сообраќајот за време на протести си дозволија да пропуштаат автомобили по помошните улички, преку 10 минути. Фотографирајќи, два автомобила ми поминаа на помалку од 20 сантиметри до ногата, на тротоар!
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Тогаш се случи еден од храбрите твитерџии сам да излезе на помошната уличка и да седне на средина од пешачкиот премин. Првично, автомобилите се обидоа да го заобиколат, но веднаш притрчаа други протестанти и го блокираа и овој пат. Сево ова можете да го погледнете во видеото од четвртиот ден.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)На крајот од протестот следуваше марш назад кон збирното место, со куса посета на она место кадешто започна блокирањето улици уште пред 4 дена. Таму беа направени последните планови за протестот што продолжува и денес, на истото место, во истото време.

Дополнување: Петтиот ден, протестите по повод убиството на Мартин Нешкоски·беа окарактеризирани со голема масовност. Најмасовно беше во Скопје, кадешто според проценката на полицијата што го обезбедуваше настанот присуствуваа преку 3 илјади луѓе. Реалната бројка веројатно е за нијанса поголема, но направените снимки тоа јасно го покажуваат и никој не може да го одрече.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Масовен и мирен протест се одржал и во Битола. И таму младите луѓе биле собрани против полициската бруталност во државата. Симболичен придонес дадоа и загрижените граѓани во Струмица и Кочани.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Постојаните обиди за дискредитација и етикетирање на протестите од страна на провладините медиуми беа дочекани со контра удар од протестирачите. Имено, беа подготвени транспаренти на кои пишуваше „Ние не сме партија“, „Живот > партија“ итн. На крајот од протестот, при пристигнувањето пред собранието, се скандираше: „Во собрание, сите сте исти!“
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)На почетокот од протестите, во поворката се приклучија братот и другарите на Мартин, но не успеаја да продолжат по стигнувањето на плоштадот, кадешто застанаа до клупата до која Мартин го загуби животот пред 5 дена.

Клупа на тагата

Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Младината во Скопје, полека но сигурно, започна да се буди од апатијата. Скопјани покажаа дека можат да се здружат во име на заедничкото подобро утре, без некој да им каже што да прават. Можеби уште поважно е што кога на почетокот се појави група од двасетина маскирани момчиња, сите ги покажаа со прст и ги снимија, оневозможувајќи го правењето проблеми.

{vimeo}24943491{/vimeo}
Покрај првичниот симбол на овие протести – седнувањето на крстосниците и нивно блокирање по 10-15 минути, за симболично изразување на револтот од бесмислено загубениот млад живот; се појави и нов симбол – црните знамиња. Тие беа поставени на јарболи пред Владата, пред Собранието, по улицата „Партизански одреди“; се вееја на чело од колоната…
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протестите завршија доцна вечерта пред Собранието на Република Македонија, со најава за продолжување на активностите.

Дополнување: На шестиот ден по убивството на Мартин Нешкоски, на протест излегоа помалку луѓе отколку во петокот, на 10 јуни, но минимумот од илјада граѓани секако беше задржан. За првпат, позначителен број случајни минувачи повикани да се придружат навистина го сторија тоа, што секако е за поздравување.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протестот мина совршено мирно, без никакви траги на насилство и денес ниту еден полицаец не го загуби своето оружје. Веројатно ни самата полиција веќе не ги смета протестите за високо ризични, со оглед на тоа што крстосницата на којашто го блокираат патот кон МВР веќе не е обезбедувана од специјални полициски сили, туку од обични полицајци.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)

Маурисио од Бразил

Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)

Себастијан и неговата девојка, Германија

Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Потоа дојдоа братот и чичкото на Мартин, коишто ги демантираа гласините пласирани од некои медиуми дека неговиот татко повикал да се прекинат протестите. Рекоа дека никој не ги собрал тие луѓе, освен Мартин, па затоа на насобраните млади луѓе им ја предадоа сликата од Мартин за, како што рекоа: „Тој да ги води по патот“.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)За првпат беше преминат Камениот Мост, како симбол на обединување на Скопје, а при прошетката низ старата чаршија се скандираше: „Заедно сме посилни!“, на македонски и на албански.

{vimeo}24973161{/vimeo}
Оттаму, групата млади луѓе полека се врати кон Собранието на Република Македонија, а по кусото блокирање на улицата, протестот заврши на збирното место.

Дополнување: На седмиот ден од протестите во Скопје беше направена пауза за подобро да се координираат следните настани, но затоа на осмиот ден, младите луѓе од главниот град повторно излегоа на улиците.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Иако во нешто помал број отколку за време на викендот, младите луѓе одново излегоа по улиците на главниот град и го изразија својот револт на мирен начин, седнувајќи на секоја крстосница по зацртаната рута.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Од збирното место, кај спомен куќата на Мајка Тереза, поворката се движеше по улицата „Димитрие Чуповски“, па потоа по „Климент Охридски“ до пред зградата на Владата, кадешто симболично им беше свртен грб, како незадоволство поради молкот.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Потоа поворката полека се упати кон местото кадешто Мартин беше убиен пред една недела, па оттаму кон Собранието на Република Македонија, за на крајот протестот да заврши онаму кадешто почнува секој ден во 18.00 часот.
Потоа поворката полека се упатила кон местото кадешто Мартин беше убиен пред една недела, па оттаму кон Собранието на Република Македонија, за на крајот протестот да заврши онаму кадешто почнува секој ден во 18.00 часот.Со оглед на фактот што страниците на Фејсбук се бришат поради наводно повикување на насилство, изработени се страници за информирање за тековните протести – #Protestiram и Стоп за полициската бруталност.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Вчера вечерта, нешто по протестите, на телевизијата Ал Џазира на англиски јазик, во емисијата The Stream, имаше специјален прилог за протестите во Македонија и настаните што доведоа до нив.

{vimeo}25068636{/vimeo}

Дополнување: Денес беше деветтиот ден од протестите на младите луѓе во Скопје. Според денешните скандирања, сите ветуваат дека нема да се откажат додека не се исполнат барањата – правда за Мартин, реформи во полицијата и оставка на министерката за внатрешни работи.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Денес поворката се движеше од збирното место, спомен куќата на Мајка Тереза, кон републичкото собрание, па потоа кон трговскиот центар „Мавровка“, па пред судот, за потоа да се врати на збирното место, поминувајќи уште еднаш близу до собранието.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Попатно се седнуваше на секоја крстосница, за да се искаже револтот со молк, ист онаков на каков што младите скопјани наидоа барајќи информации.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)

Најмладиот учесник на протестите

Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протестите завршија со најава за утрешните случувања – одбележување на јубилејот „10 дена младинска република“. Протестите започнуваат во истото време (18.00 часот), на истото место (спомен куќата на Мајка Тереза).
Протестите завршија со најава за утрешните случувања - одбележување на јубилејот „10 дена младинска република“. Протестите започнуваат во истото време (18.00 часот), на истото место (спомен куќата на Мајка Тереза).{vimeo}25103660{/vimeo}

Десеттиот ден од протестите од учесниците беше наречен „Десет дена младинска република“. Ова име се роди по сите неуспешни обиди од одредени медиуми за лепење партиски сценарија, за вметнување на протестите во теории на заговор и бројни други обиди за дискредитација. Младите луѓе на протестите покажаа дека сами храбро стојат спроти ветрот.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Десетти ден по ред младите луѓе се самоорганизираат, занемарувајќи ги сите меѓусебни разлики и несогласувања, во име на заедничката цел.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Десетти ден по ред, колоната млади луѓе се движи по скопските улици и безуспешно се обидува да се приближи кон зградата од Министерството за внатрешни работи.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)И додека сè поголем број странски медиуми ја пренесуваат веста за протестите во Скопје, МВР објави соопштение во кое одговара на барањата што претходниот ден беа доставени.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протестите продолжуваат повторно во 18 часот пред спомен куќата на Мајка Тереза во центарот на Скопје.
{vimeo}25158757{/vimeo}
На единаесттиот ден од протестите во Скопје, младите луѓе од главниот град излегоа на улиците и маршираа на нешто покуса патека од вообичаено.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Како и секогаш до сега, прво се изразуваше почит за убиениот Мартин со една минута молк, а потоа создавање бучава за сите да чујат.

{vimeo}25210668{/vimeo}
Попатно се делеја флаери со хронологијата на убиството на Мартин, онакака како што тоа беше видено низ призмата на медиумите. Од вчера, хронологијата е достапна за преземање и на англиски, албански и српски јазик.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Во меѓувреме, и во Прилеп се одржале протести против полициската бруталност. Кус фото извештај оттаму од Божидар.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Мирните протести завршија на истото место каде што почнаа, со најава на петочниот протест, во 18 часот, пред спомен куќата на Мајка Тереза.

Дополнување: Дванаесеттиот ден од протестите минаа мирно и во најдобар ред, во сенка на забраната за собирање околу спомен куќата на Мајка Тереза.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Со оглед на тоа што се работи за јавен простор, младите скопјани повторно се собраа на истото место и тргнаа по градските улици, овојпат придружени од тапанџија и еден моноцикл.
Со оглед на тоа што се работи за јавен простор, младите скопјани повторно се собраа на истото место и тргнаа по градските улици, овојпат придружени од тапанџија и еден моноцикл.Се маршираше низ централното градско подрачје, со попатни паузи на секоја крстосница, за да се изрази почит со минута молк и да се направи колку што е можно повеќе бучава потоа.
{vimeo}25257282{/vimeo}
Поворката најдолго се задржа пред Владата, каде што се вееја црните знамиња и одново беше побарана оставка од надлежниот министер. Тука некаде, групата се договори дека е време да се премине мостот „Гоце Делчев“ и да се протестира и низ старата скопска чаршија.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Поворката помина низ чаршијата скандирајќи: „Дојдете со нас“ и „Заедно сме посилни“ – и на македонски и на албански. На крајот, сите се упатија кон плоштадот „Македонија“, на десетина метри од клупата каде што беше убиен Мартин Нешкоски.
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Договорите за следните чекори ќе се случуваат на плоштадот зашто, како што рекоа дел од насобраните млади, таму никој не може да ја исклучи струјата. (Во изминатите денови, рефлекторите зад спомен куќата на Мајка Тереза беа исклучувани по враќањето на поворката.)
Протести во Скопје по убиството на Мартин Нешкоски (видеа)Протестите продолжуваат денес во 18.00, зад спомен куќата на Мајка Тереза, а најголемиот протест до сега е закажан во недела, точно на пладне и на него се очекува да пристигнат загрижени граѓани од Прилеп, Куманово и други градови низ Македонија.

- Реклама -