Проверете дали имате недостаток на железо

Голем дел од жените страдаат од недостаток на железо во крвта. Еве некои од знаците кои ќе ви укажат дека вашето тело има недостаток од железо.

1. Замор

– Телото го користи железото за да произведе хемоглобин (супстанцата која го носи кислородот во црвените крвни зрнца). Доколку крвните клетки не ви се здрави, ќе почнете да чувствувате замор.

2. Отежнат фокус

– Невротрансмитер синтезата може да биде променета кај луѓето со дефицит на железо. Тоа носи до потешкотии при функционирањето.

3. Апатија

– Кога имате недостаток од железо, доаѓа до апатија кон се и сешто (роднини, пријатели, работа, дури и кон нај новата епизода од омилената серија)

4. Недостаток на воздух

– Без разлика дали ви се случува во салата или додека одите во продавница, тоа не е добро. Без доволно железо во крвта, телото станува гладно за кислород!

5. Невообичаено бледa кожа

– Уморниот изглед може да биде предизвикан од намален проток на крв и намален број на црвени крвни зрнца. Доколку изгледате бледо и уморно, покачете го внесот на железо, можеби тоа е причината за таквиот изглед.

6. Проблеми при вршење на секојдневниот тренинг 

– Може да се случи поради недостаток на железо да ви се намали прагот на издржливост.

7. Силна болка во мускулите

– Доколку имате недостаток на железо, способноста на мускулите да се опорават после тренингот ќе биде по мала. Затоа, практикувајте доволен внес на железо за да го олесните “закрпувањето” на мускулите.

8. Кршливи нокти

– И нај добриот маникир не може да ги сокрие тенките и кршливи нокти. Внесувајте доволно железо и ќе осетите разлика во цврстината на ноктите.

9. Опаѓање на косата

– Внимавајте! И зголеменото опаѓање на косата може да е знак на недоволен внес на железо преку исхраната!

10. Чести инфекции

– Недостатокот од железо во крвта може да биде причина за честите разболувања.

11. Розева или црвенкаста урина

– Можеби ви звучи чудно, но ова се случува кога јадете цвекло. Ова се случува кај мал процент од луѓето, но сепак добро е да знаете за ваквата појава. Можноста за оваа појава е повисока кај луѓето со дефицит на железо и е предизвикана од зголемена апсорпција на одредени црвени пигменти.

- Реклама -