Проверете дали сте добар или лош лажго

Доколку сакате да дознаете дали луѓето ви веруваат кога ги лажете, потребни ви се само неколку секунди за да го дознаете тоа. Треба само со показалецот на раката со која пишувате на челото да ја напишете буквата „Q“ и во рок од 5 секунди ќе ги имате резултатите.

Имено, според видеото во кое главната улога ја има проф. Ричард Вајсмен, доколку буквата „Q“ ја напишавте со „опавче“ кое е свртено кон левата страна на челото, тогаш сте свесни како другите луѓе ве гледаат, сакате да бидете во центарот на вниманието и сте одличен лажго.

Обратна е ситуацијата со оние кои „Q“ го пишуваат со цртката свртена кон десната страна. Имено, според него, тие се интровертни и лошо се снаоѓаат при лажењето.

Погледнете како тој го објасни ова во видеото:

- Реклама -