Прстенот што го инспирираше Толкин

Златниот прстен од римско време, за кој се верува дека го инспирирал британскиот автор Џ. Р. Р. Толкин да ги напише неговите познати романи „Хобит“ и „Господар на прстените“ наскоро ќе биде изложен во Англија.

Прстенот е пронајден во поле на југот на Англија во 1785 година, а се доведува во врска со римската табличка на која била испишана клетва за крадецот што ќе го украде.

Tolkien-s-Alleged-Inspiration-Ring-for-The-Hobbit-Goes-on-Display-in-Hampshire-England-2

Табличката била пронајдена кај храмот посветен на келтскиот бог Ноденс, во Глостершир, на западот на Англија.

Толкин во 1929 година работел на етимологијата на името Ноденс и неколку пати го посетил храмот. Како што пренесува „Associated Press“, изложбата во историскиот дворец Вајн, на југот на Англија, ќе ја прикаже историјата на прстенот, а посетителите ќе бидат повикани сами да донесат заклучок дали навистина се работи за фамозниот „прстен на Толкин“.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -