Прв го пречека градоначалникот Александар Стојковски

Годинава, триумфаторот на најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ е нашиот сограѓанин, Никола Станишиќ. Вчера, на 11 јули 2025 година, околу 19 часот, тој се врати во Скопје. Прв да го пречека беа неговите пријатели и навивачи од општина Ѓорче Петров, а првиот кој му изрази добредојде беше градоначалникот Александар Стојковски.

По сречниот дочек, исполнет со прегратки и искрени честитки, градоначалникот приреди мал прием во просториите на општината, каде Nikola доби симболичен подарок како спомен од своето победничко патување.

Подарокот беше рачно изработен грб на Ѓорче Петров, симболизирајќи ја општината во која живее нашата музичка ѕвезда.

По краткиот разговор, Никола заедно со својата екипа и градоначалникот Стојковски тргнаа кон паркот во Ѓорче, каде што мноштво навивачи, пред се негови сограѓани, го очекуваа со нетрпение, среќни што повторно го гледаат.

Новинарот и водител Антонио Димитриевски им се обрати на присутните, најавувајќи ја идната сјајна кариера на нашиот Никола, кој со победничката статуетка во рака се појави на бината.

Собраната маса на публика бурно го поздрави, и следуваа овации и аплаузи од неколку илјадници присутни. По краткото обраќање и неколку прашања од модераторот, Никола го започна своето музичко шоу, изведувајќи ги хитови кои ги пееше и на натпреварот.

Прочитајте и:  Прв состанок на Меѓуресорската група за креирање на Националната стратегија за развој на спортот одржан.

Репертоарот, составен од познати македонски фолк и поп хитови, ја воодушеви публиката, која активно фотографираше и снимаше.

Најмладите обожаватели особено бивуваа полни со енергија и нетрпеливост да се фотографираат сонивниот нов идол, а многумина од нив со нескриена радост му се придружија на сцената.

Никола, видно возбудаем и емотивно расположен, им се заблагодари на сите присутни, ветувајќи дека не планира да застане тука. Тој декларираше дека ќе се потруди да организира голем заеднички концерт со сите свои колеги од оваа сезона на „Ѕвездите на Гранд“ во Скопје, заедно со неговата менторка, балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ.

Особено емотивен момент на спектаклот беше кога Никола се заблагодари на неговата мајка, која беше присутна во публиката. Тој ја замоли да не плаче, и покрај тоа што таа не можеше да ги задржи солзите од гордост.

По завршувањето на настапот, Никола се фотографираше со безбројните обожаватели пред да продолжи во своето Волково, каде што беше организирана дополнителна прослава во негова чест.